БИТОЛСКИОТ СОВЕТ ВО ЕДЕН ДЕН ЌЕ ГИ ПРОМЕНИ СИТЕ УПРАВНИ ОДБОРИ

    БИТОЛСКИОТ СОВЕТ ВО ЕДЕН ДЕН ЌЕ ГИ ПРОМЕНИ СИТЕ УПРАВНИ ОДБОРИВо еден ден, новата локална власт во Битола ќе ги разреши старите управни и надзорни одбори во шесте јавни претпријатија, јавни институции, зоолошката градина, градинките за деца и училишните одбори во основните и средните училишта (Фото: СДК.МК)

    Рекордни 54 точки се поставени на дневен ред на втората седница на Советот на Општина Битола за в среда. Советот се формираше пред една недела.

    Во еден ден, новата локална власт ќе ги разреши старите управни и надзорни одбори во шесте јавни претпријатија, јавни институции, зоолошката градина, градинките за деца и училишните одбори во основните и средните училишта. На нивно место ќе бидат поставени нови членови во управните одбори.

    Во изминатиот период, добар дел од членовите во овие раководни тела без избирани и поставувани по партиски клуч, односно беа составени претежно од членови на претходната власт.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира