БИТОЛСКИТЕ СОВЕТНИЦИ КОИ СЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ НА СДСМ ГО ИЗГЛАСАА РЕБАЛАНСОТ НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ СО ВМРО-ДПМНЕ

    БИТОЛСКИТЕ СОВЕТНИЦИ КОИ СЕ КОАЛИЦИОНИ ПАРТНЕРИ НА СДСМ ГО ИЗГЛАСАА РЕБАЛАНСОТ НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ СО ВМРО-ДПМНЕБитолските советници на гласањето за ребалансот на општинскиот буџет за 2024. (Фото: Принтскрин од видео)

    Советниците Елизабета Тодоровска од Демократскиот сојуз на Власите, Кети Неделковска од Партијата на пензионерите и Кире Кимевски од ВМРО- Народна партија , иако се водат како колициски партнери на СДСМ во битолскиот Совет, на последната седница гласаа  „за“  за ребалансот на општинскиот буџет за 2024, заедно со советниците од локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните партнери СДСМ гласаа воздржано како и Левица и Поинаку. Тројцата советници беа дел од кандидатската листа со советници на СДСМ и колицијата на локалните избори во 2021, а и на интерент страницата на Општината се прикажани како дел од коалицијата на СДСМ во Битола.

    Климески и Тодоровска и за развојните планови на Општина Битола 2025- 2027 година гласаа како и ВМРО-ДПМНЕ, односно „за“, додека Неделковска овој пат гласаше  „против“ како и СДСМ и Поинаку. Од Левица беа воздржани и плановите не беа донесени.

    „Од деветти јули немаме добино одговор на советнички прашања, кого го молите да се изгласаат развојните планови? Ќе си најдете овде четворица што ќе ви гласаат.  Не е спорно, гледаме, ни ја потценувате интелигенцијата, јасно е дека овде има пазари. Многу ни е јасно, не мислете дека не гледаме. Јасно ни е како ден, театри пред народот. Не е оваа развојна програма нормална, две милијарди денари во една година имате предвидено, а имате буџет од милијарда и двеста денари“, му рече претседателката на Советот Габриела Илиевска, која е од независната советничка група Поинаку, на координаторот на советниците од ВМРО -ДПМНЕ Бојан Бојковски.

    Бојковски возврати дека законскиот рок за донесување на развојните програми е до 15 ноември и дека во нив се предвидени бројни проекти на Општината. За средствата рече дека со финансиската поддршка од Владата и буџетот годишно се собираат 2 милијарди денари. За критиките дека има пазар на советнички гласови рече:

    „Советници сме од различни политички партии, но сите си го сакаме градот, затоа има советници кои за некои политики се сложуваат за некои не. Подоцна граѓаните ќе си ценат за кој ќе го дадат својот глас“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира