БЛОКИРАНА СМЕТКАТА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ВО СКОПЈЕ

    БЛОКИРАНА СМЕТКАТА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ВО СКОПЈЕСметката е блокирана поради долг од 2016, односно неподмирени обврски за договор за изработка на проект за реконструкција на салата. (Фото: К. Попов)

    Блокирана е сметката на Универзална сала, концертната сала која е симбол на Скопје. Освен што се распаѓа и нема абер да се продолжи со нејзина реконструира, сега е и без пари и со блокирана сметка.

    Сметката е блокирана поради долг од 2016, односно неподмирени обврски за договор за изработка на проект за реконструкција на салата.

    Точно е дека е блокирана сметката, но тоа е стар долг од 2016 за еден од неколкуте проекти кои ги има за Универзална. Овој проект е нарачан, изработен, но не е платен. Досега, сите тековни обврски ни се подмирени односно вработените имаат земено плата“, ни изјави директорот на Универзална сала Горјан Христовски.

    Тој не сакаше да каже колкав е долгот поради кој им е блокирана сметката. На нашето прашање како ќе се најде решение и дали Град Скопје ќе им даде пари за да се одблокира сметката, директорот ни рече да не правиме голем проблем од ова прашање, да ја следиме седницата на Советот на Град Скопје која ќе продолжи во 16 часот и ќе добиеме одговори.

    Универзална сала една година стои отворена, разурната, затрупана со шут. Цела година на концертната сала нема никакви градежни активности, ниту се знае кога и дали ќе продолжат. Градежните работи за реконструкција на фасадата и куполата на концертната сала започнаа лани во септември за време на мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов. Со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска во ноември, градежните работи беа стопирани бидејќи, според неа, проектот бил небезбеден. Оттогаш помина една година, но салата ниту се реконструира, ниту пак има најава дека наскоро ќе се почне со работа на објектот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира