БОГДАНОВИЌ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ СКОПСКОТО КАФУЛЕ „ИНТЕРМЕЦО“ КОЕ ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА ИАКО БЕШЕ КАЗНЕТО ЗА БУЧАВА

    БОГДАНОВИЌ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ СКОПСКОТО КАФУЛЕ „ИНТЕРМЕЦО“ КОЕ ПРОДОЛЖИ СО РАБОТА ИАКО БЕШЕ КАЗНЕТО ЗА БУЧАВАКазната за симнување службен печат може да биде парична или до три години затвор. (Фото: К.Попов)

    Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ во Основното јавно обвинителство (ОЈО) ја поднесе кривичната пријава против газдата на кафулето „Интермецо“. Кривичната пријава е поднесена поради тоа што иако кафулето доби забрана за работа од 30 дена, продолжи да си работи.

    „Кривичната пријава е поднесена согласно членот 389 од Кривичниот законик, односно за сторено кривично дело–симнување или оштетување на службен печат или знак што го ставило овластено лице заради осигурување на предмет или просторија. Согласно овој член, оној што ќе влезе во ваква просторија или отвори осигурен предмет, се казнува парично или со затвор до три години“, велат од Општина Центар.

    Општина Центар, на барање на жителите кои живеат во населбата Капиштец, неколку пати претходно го опоменуваше и санкционираше кафе барот „Интермецо“ за надминувањето на дозволеното ниво на бучава. На кафе барот „Интермецо“ досега поради гласна музика и бучава му беше изречена казна од 6.000 евра. Но, локалот повторно пушташе гласна музика, па  Општина Центар минатата недела освен што го казни парично со 6.000 евра и му забрани да врши угостителска дејност во траење од 30 дена.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира