БОЛНИЦАТА ЈАСЕНОВО РАБОТИ САМО СО ТРОЈЦА ДОКТОРИ-СПЕЦИЈАЛИСТИ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ НЕ ДАВА НОВИ ВРАБОТУВАЊА

    БОЛНИЦАТА ЈАСЕНОВО РАБОТИ САМО СО ТРОЈЦА ДОКТОРИ-СПЕЦИЈАЛИСТИ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ НЕ ДАВА НОВИ ВРАБОТУВАЊАВо Болницата се лекуваат пациенти не само од Велес, туку од Источна Македонија и Повардарието. (Фото: СДК.МК)

    Специјалната болница за белодробни заболувања Јасеново крај Велес се соочува со недостиг на лекари. Таму работат само тројца доктори-специјалисти, иако таму имаше и по шест и повеќе. Тие работат амбулантски, дежураат, се грижат за стотиците пациенти, кои неделно доаѓаат во болницата.

    Од Болницата велат дека и покрај зголемениот обем на работа по доктор, тие успеваат да ја дадат потребната здравствена грижа. Годинава барале согласност за нови вработувања, но не добиле.

    „Сите пациенти кои се упатени на лекување во болница Јасеново, било да е амбулантско или болничко лекување, се прифатени и секој што е уредно упатен не е одбиен. Работата се одвива со мали потешкотии, но се успева да бидат услужени сите пациенти. Сите термини се реализираат било да се двајца или тројца лекари на работа. Оваа година имаме  побарано  нови вработувања од Министерството за здравство и Министерството за финансии. Во два наврата од Министерството за здравство ни одговорија позитивно, додека Министерство за финансии двапати нѐ одбива“, велат од Специјалната болница.

    Во Болницата се лекуваат пациенти не само од Велес, туку од Источна Македонија  и Повардарието.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира