БОРЦИТЕ ОД БИТОЛА ЌЕ ГЛАСААТ ПРОТИВ ВЛАСТА ЗАШТО НЕ ЈА ПРИЗНАВА НОБ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БОРЦИТЕ ОД БИТОЛА ЌЕ ГЛАСААТ ПРОТИВ ВЛАСТА ЗАШТО НЕ ЈА ПРИЗНАВА НОБ

    Сојузот на борци не ја поддржува оваа власт, на престојните избори ќе гласа против неа и ќе ја поддржи опозицијата. Ова го порача Александар Трајковски, претседател на општинската организација на Сојузот на борците  од Битола на денешната трибина  „Антифашистичката борба на жените “ што се одржа во Битола.

    Трајковски најави дека Сојузот на борци ќе се приклучи кон утрешниот протестен марш во Скопје. На ваков чекор, рече дека се одлучиле зашто сегашната власт не ја признава народно-ослободителната борба, а животниот стандард е далеку под оној во Социјалистичка република Македонија.

    „ВМРО-ДПМНЕ му ги одзеде просториите на Сојузот на борците на Македонија и направи да не се признава народно-ослободителната и антифашистичка борба.  Денешната власт не само што не ја признава НОБ и спомениците и спомен облежјата кои ја симболизираат таа борба, туку не донесе и во многу тешка материјална положба. Секој ден се чувствува поголема сиромаштија, неместо ние да напредуваме, ние за жал уште не можеме да го постигнеме животниот стандард од време на Социјалистичка Република Македонија, стигнавме до питачки стап“, рече Трајковски.

    Во очи прославата на 11 Октомври, Денот на почетокот на антифашистичката борба, битолски Широк Сокак е излепен со плакати со ликот на Владо Черноземски. Тоа е атантаторот на кралот на поранешна Југославија, Александар Први Караѓорѓевиќ, во Марсеј 1934 година.

    Историчарот Александар Литовски смета дека се работи за провокација зашто во перидот кога се слави антифашизмот се ставаат плакати со кои се величи атентат во чија позадина стоеле фашисти.

    „Провокација е зашто атентатот и целиот настан беше во организација на фашизмот и Хитлерова Германија и тајните служби на ГЕСТАПО. Според релевантни историски извори, главната мета не беше југословенскиот крал Александар, туку министерот за надворешни работи на Франција Луј Барту, кој во тоа време се подготвувал да направи голема антифашистичка коалиција на европско ниво. Хитлер и неговите тајни служби целеа него да го елиминираат, а македонското и усташкото движење беа искористени како обичен инструмент за ширење на фашизмот“, рече Литовски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира