БРОЈОТ НА АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО БИТОЛА СЕ УДВОИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ

    БРОЈОТ НА АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС ВО БИТОЛА СЕ УДВОИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦВо текот на септември, во Битола се регистрирани над сто нови случаи на зараза (Фото: СДК.МК)

    Битола денеска го достигна врвот на бројот на новозаразени со коронавирус во последните 30 дена. Во здравствениот билтен се регистрирани осуммина новозаболени, откако цел изминат месец бројката се движеше околу пет до шест лица и само еднаш беше регистриран пораст од седуммина заболени.

    Со ова, Битола го достигна Прилеп во бројот на заболени на дневна основа, иако таму со денови бројките беа повисоки. Битола на 1 септември имаше 37 активни случаи, а денес скоро двојно повеќе – 71.

    Во изминатиот месец, градот само шест дена помина без новорегистрирани заразени. Најмадиот пациент имаше 11 години, а највозрасните по 85, и тоа неколкумина. Имаше млади заболени на возраст од 13, 16 и 18 години, главно од семејни кластери. Во текот на септември вкупно се заразија над сто лица, од кои половина дале податок за контакт со позитивни лица, а другите не знаеле од каде го добиле вирусот.

    Ж. ЗДРАВКОВКСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира