„БУШИ“ ЈА КУПИ ЗГРАДАТА НА „ТЕХНОМЕТАЛ ВАРДАР“ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ, ЌЕ БИДЕ ХОТЕЛ

    „БУШИ“ ЈА КУПИ ЗГРАДАТА НА „ТЕХНОМЕТАЛ ВАРДАР“ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ, ЌЕ БИДЕ ХОТЕЛЗградата на „Технометал Вардар“ е изградена во 1980 година и е со површина од 8.000 метри квадратни. (Фото: К. Попов)

    Фирмата „Буши фешн“ ја купи зградата на „Технометал Вардар“ на улица Македонија, во строгиот центар на градот. Како што неофицијално дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, идејата на новиот сопственик е зградата да биде хотел и во моментов се работи на добивање на потребните дозволи. Од фирмата „Буши фешн“ ни потврдија дека ја купиле зградата, но повеќе детали не сакаат да споделат велејќи дека уште е рано да зборуваат за овој проект.

    „Буши фешн“ поседува дуќани за злато, како и хотелот „Буши ресорт и спа“ во Старата скопска чаршија.

    Зградата на „Технометал Вардар“ е изградена во 1980 година и е со површина од 8.000 метри квадратни. Беше ставена на продажба откако во 2019 беше отворена стечајна постапка. Поради обврски кон Комерцијална банка објектот беше одземен од банката, а потоа ставен на продажба, по што зградата беше купена од „Буши фешн“.

    „Технометал Вардар“ беше основана пред 60 години и во времето на поранешна Југославија беше водечка фирма во трговија со мермер, челик, обоени матели и немметали, опрема, машини и друго.

    Сега зградата и просторот околу неа се целосно запуштени. Плочникот воопшто не се гледа од измет, околу е обрасната трева, расфрлено е ѓубре, фонтаната служи како корпа за отпадоци, а навечер нема ни светло.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира