Д-Р АНАСТАСИЈА ИВАНОВА E НОВA В. Д. ДИРЕКТОРКА НА ВЕЛЕШКИОТ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    Д-Р АНАСТАСИЈА ИВАНОВА E НОВA В. Д. ДИРЕКТОРКА НА ВЕЛЕШКИОТ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕД-р Иванова е доктор микробиолог, вработена во Центарот за јавно здравје од 2012. (Фото: СДК.МК)

    Нова в. д. директорка на Центар за јавно здравје во Велес е д-р Анастасија Иванова. Веста за ја потврди и самата Иванова. Таа е доктор микробиолог, вработена во оваа здравствена институција од 2012.

    Последните години била началник на лабораториска дејност која се извршувала во Центарот. Тој ги покрива подрачните единици во Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Свети Николе.

    Именувањето на д-р Иванова од министерот за здравство Венко Филипче доаѓа откако тој пред десетина дена најави разрешување на претходникот директор Тони Димитриев, а по констатирани неправилности од  Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во Центарот, откако тројца вработени од велешкиот беа позитивни на КОВИД-19.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира