ДА СЕ ИСПИТА ШТО СЕ ГОРИ НА ДРИСЛА И ДА СЕ РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ НА ИТАЛИЈАНЦИТЕ, ПОБАРАА АКТИВИСТИ НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД ДЕПОНИЈАТА

    ДА СЕ ИСПИТА ШТО СЕ ГОРИ НА ДРИСЛА И ДА СЕ РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ НА ИТАЛИЈАНЦИТЕ, ПОБАРАА АКТИВИСТИ НА ПРОТЕСТОТ ПРЕД ДЕПОНИЈАТААктивистите побараа Основното јавно обвинителство да отвори исрага за Дрисла и најавија нов помасовен протест подолку не добијат одговори.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Дваесетина активисти денеска го блокираа влезот на депонија Дрисла, барајќи одговор што се гори во печката за медицински отпад и веднаш да се раскине договорот со италијанскиот концесионерот „ФЦЛ Амбиенте“.

    „Дрисла е едно од критичните места кога станува збор за загадувањето. Бараме промени во третманот на отпад, менаџирањето и правилниците кои ја регулираат оваа проблематика. Град Скопје веднаш да го раскине договорот со италијанскиот концесионер оти е евидентно дека нема вложено ниту еден денар оваа депонија да ја направат адекватна за употреба. Најстрашно е што целиот отпад и најопасното ѓубре завршува на оваа депонија. Имаме правилници од 1976 година кои не соодејствуваат со реалноста. Ѓубрето во печката се согорува на температура најмногу од 600 степени, што не е доволно и се испушта енормна емисија на диоксини“, рече Тони Никушевски, активист.

    Драги Змијанац од Движење за чист воздух побара одговори од надлежните што се гори во печките, што се складира во депонијата, каков е третманот, дали се увезува отпад од други земји и дали се придружуваат кон максималниот капацитет на горење во печката на Дрисла.

    „Одредени извори покажуваат дека печката е двојно повеќе оптеретена од она што треба. Дали и колку се прави контрола. Зошто во лето имаме високи пикови, посебно во вечерните часови, кога нема греење ниту не се возат коли“, рече Змијанац.

    Активистите побараа Основното јавно обвинителство да отвори истрага за Дрисла и најавија нов помасовен протест додолку не добијат одговори.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира