ДАДОВ НАРЕДБА ДА СЕ ОТСТРАНАТ ГАЛИИТЕ ОД ВАРДАР, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

    ДАДОВ НАРЕДБА ДА СЕ ОТСТРАНАТ ГАЛИИТЕ ОД ВАРДАР, РЕЧЕ ШИЛЕГОВДали и колку ќе бидат обештетени сопствениците Шилегов не прецизираше, рече дека не е донесе дефинитивна одлука, а кога ја донесат јавноста и сопствениците ќе бидат информирани. (Фото: М. Златевска)

    Градоначалникот Петре Шилегов дал наредба да започне отстранување на бродовите во реката Вардар.

    „Наредив да започне постапка за дислоцирање на галиите, во тек се постапките како ќе бидат созреани одлуките за носење така ќе бидат објавени“, рече Шилегов.

    Дали и колку ќе бидат обесштетени сопствениците Шилегов не прецизираше, рече дека не е донесе дефинитивна одлука, а кога ја донесат јавноста и сопствениците ќе бидат информирани.

    Градоначалникот Петре Шилегов минатиот месец за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека за дислоцирање на галиите и уривање на мостот за панорамското тркало потребни ќе бидат околу 5 милиони евра.

    Градоначалникот Шилегов денеска најави дека јавните претпријатија од Градот почнуваат со чистење на коритото на реката Вардар од насобраниот градежен шут и насипите од земја, со цел намалување на опасностите од излевање на реката после поголеми дождови.

    „Насипите и градежниот шут во Вардар ја намалуваат проточноста и со тоа сериозно се зголемува опасност од поплавите. Истовремено наложено му е на претпријатието ’Бетон‘ како изведувач на панорамско тркало да го среди своето градилиште да обезбеди максимална проточност на коритото во делот на пешачкиот мост.

    Воедно, ги повикуваме сите релевантни институции во државата да се вклучат во отстранувањето на штетите од овој проект, со цел да спречиме дополнителни трошоци и да ја обезбедиме сигурноста на граѓаните“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира