ДЕФЕКТОТ НА ВОДОВОДНАТА ЛИНИЈА Е ОТСТРАНЕТ, ШТИП ПО ЦЕЛИ 30 ЧАСА ДОБИ ВОДА

    ДЕФЕКТОТ НА ВОДОВОДНАТА ЛИНИЈА Е ОТСТРАНЕТ, ШТИП ПО ЦЕЛИ 30 ЧАСА ДОБИ ВОДАПрво имало проблем со една од турбините во филтер станицата, а потоа се јавил дефект и на една од главните водоводни цевки (Фото: СДК.МК)

    По речиси ден и пол без вода, дефектот на водоводната линија во Штип конечно е отстранет. ЈП „Исар“, кое е задолжено за водоснабдувањето во Штип, 30 часа работеше на отстранувањето на дефектот и попладнево после 16 часот водата е пуштена во градскиот водовод.

    „Претходно имаше проблем со една од турбините во филтер станицата, но потоа се јави дефект и на една од главните водоводни цевки, од која целиот град се снабдува со вода за пиење. Изминатата ноќ се работеше без прекин, но се покажа дека дел од главната водоводна цевка што се замени не одговараше на постојната, па се бараа начини да се најде нова или таа со извесни дополнувања да се прилагоди“, соопштуваат од ЈП „Исар“.

    Првично вода добија пониските делови на градот, додека повисоките станбени објекти, како што е најавено, ќе добијат во вечерните часови.

    Утринава, граѓаните со техничка вода главно се снабдуваа од природните чешми, чија вода е неисправна и забранета за пиење, но и тие поради целодневната потрошувачка попладнево секнаа.

    Јавното претпријатие денеска постави неколку цистерни во населбите, од кои граѓаните можеа да се снабдуваат со техничка вода. За пиење на големо се купуваше флаширана вода, чии залихи во штипските продавници се потрошија уште првиот ден, па денеска се нарачуваа нови.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира