ДЕЛ ОД МАТУРАНТИТЕ ВО КУМАНОВО ЈА БОЈКОТИРАА НАСТАВАТА

    ДЕЛ ОД МАТУРАНТИТЕ ВО КУМАНОВО ЈА БОЈКОТИРАА НАСТАВАТАУчениците да се скратат предметите за полагање матура од четири на два. (Фото: СДК.МК)

    Дел од матурантите во Куманово денеска ја бојкотираа онлајн наставата. Од Секторот за образование при Општина Куманово, велат дека на настава не се вклучиле матурантите од гимназиите „Гоце Делчев“ и „Сами Фрашери“, во Техничкото училиште „Наце Буѓони“ сите матуранти на македонски јазик и дел од албанските паралелки. Матурантите од средните училишта „Перо Наков“ и „Киро Бурназ“ посетуваа редовна настава.

    Филип Трајковски, матурант и претседател на ученичкиот парламент во гимназијата „Гоце Делчев“, вели дека од утре ќе им се придружат и матурантите од економското училиште „Перо Наков“, а во контакт се и со другите училишта од кои очекуваат поддршка.

    „Бараме да се скратат предметите за полагање од четири на два. Да се полага мајчин јазик и уште еден предмет којшто ќе ни треба за упис на факултет. Немаме ние ништо против професорите, единствено гледаме дека образовниот систем пропаѓа и затоа бараме промени. Бојкотот ќе остане и во наредните денови се додека не оствариме средба со министерката“, вели Трајковски.

    Бојкот е поддржан од Сојузот на средношколци на Македонија.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира