ДЕМОНСТРАНТИТЕ ФРЛАА СО ЈАЈЦА ПО ЗГРАДАТА НА ОПШТИНА ТЕТОВО И БАРАА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОВИД-БОЛНИЦАТА

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ФРЛАА СО ЈАЈЦА ПО ЗГРАДАТА НА ОПШТИНА ТЕТОВО И БАРАА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОВИД-БОЛНИЦАТАНа заминување, повеќе лица од групата фрлија јајца кон зградата на општината (Фото: СДК.МК)

    Во Тетово повторно се протестираше поради пожарот во модуларната ковид-болница. Иако никој не кажуваше кој е организатор на протестот, неофицијално, тој бил организиран од роднини на починати лица во пожарот. Демонстрантите прво се собраа на градскиот плоштад, па оттаму тргнаа кон зградата на Општина Тетово.

    „Што побрзо треба да има одговорност. Еве, пројде една недела, а семејствата на починатите и натаму не знаат зошто се случи тоа. Одговорност треба да понесат сите во Владата“, кажа Фикрет Далипи од село Бозовце, еден од учесниците на протестот.

    „Не треба да чекаат и да нè лажат, па да изгорат и други објекти. Мене тука сестра ми изгоре. Да починала од болест, јас не би дошол овде да протестирам. Одговорност треба да понесе Владата, заедно со градоначалничката на Тетово“, револтирано зборуваше Бељуљ Бељули од Тетово.

    Пред насобраните, протестно писмо прочита Блерим Ахмеди, брат на лицето кое се претставуваше како Ел Чека, но не сакаже да го прочита и на македонски јазик. На заминување, повеќе лица од групата фрлија јајца кон зградата на Општина Тетово.

    Тие потоа се упатија кон седиштето на ДУИ со цел и таму да протестираат, но на приодите на Мала Речица имаше голем број полицајци, кои не дозволија толпата да помине. Откако не успеаја да ја остварат својата намера, по половина час демонстрантите се разотидоа.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира