ДЕНЕС СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19 ПРВИТЕ ДЕСЕТ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ОД ОХРИД

    ДЕНЕС СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19 ПРВИТЕ ДЕСЕТ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ОД ОХРИДВкупно 108 пријавени од охридската Општа болница, во Скопје ќе ја примат вакцината против ковид-19 на „Фајзер“. (Фото: СДК.МК)

    Првите 10 медицински лица од вкупно 108 пријавени од охридската Општа болница, денеска во Скопје ќе ја примат вакцината против ковид-19 на „Фајзер“. Имунизацијата на болничкиот персонал од Охрид ќе се спроведува етапно, според системот и планот за вакцинирање.

    Директорот Горан Балески ќе се вакцинира утре заедно со дел од лекарите и медицинските сестри кои работат дирекно со заболените од коронавирусот.

    „Сите досега пријавени од Општата болница ќе се вакцинираат со вакцината на ‘Фајзер’ која прва пристигна во државава. Нашата болница е Ковид-центар и сите кои ќе се пријават ќе бидат вакцинирани. Ова за нас многу значи, ќе може многу порелаксирано да работиме без страв дека како здравствен персонал ќе заболиме. Вакцинацијата треба да биде и обврска за персоналот, ние треба да покажеме дека вакцината е безбедна и секој треба да се вакцинира“, вели Балески.

    Во Општата болница моментално има 53 пациенти заболени од ковид-19.

    За имунизација против ковид 19 се пријавиле и 60-тина медицински работници, лекари, сестри и помошен технички персонал од Здравствен дом Охрид. Здравствените работници кои се први по приоритет за вакцинација ќе бидат повикувани во Скопје оти нема посебни услови за чување на вакцината во здравствените домови во земјава, вели д-р Ајсел Зејноска, директорка на Здравствен дом Охрид.

    „Поради специјалниот начин на чување на вакцината на минус 70 степени, тие ќе бидат во Скопје затоа што таму има такви фрижидери. Ќе бидат вакцинирани пред сè здравствените работнци кои работат во Ковид-центрите. Дополнително ќе бидеме известени колку од кинеските вакцини ќе пристигнат за нашите здравствени работници“, вели Зејноска.

    Персоналот на охридскиот Здравствен дом е обучен за имунизација со другите вакцини. По строги протоколи вакцинацијата ќе се одвива во Службата за превенција и здравствена заштита на деца и млади.

    „Вакцинирањето ќе го вршт 4 тимови состaвени од доктор и медицинска сестра. Ќе се ротира во прва смена од 8 до 15 часот. Доколку има поголеми количини на вакцини има подготвеност да се работи и во две смени за да се одговори на потребите“, велат од Здравствен дом Охрид.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира