ДЕЦАТА ОД НЕРЕЗИ И ТАФТАЛИЏЕ ЌЕ УЧАТ ВО „БРАТСТВО“, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО ДРУГИ ШКОЛИ ОТИ НЕМА МЕСТО, РЕЧЕ ЈАКИМОВСКИ

    ДЕЦАТА ОД НЕРЕЗИ И ТАФТАЛИЏЕ ЌЕ УЧАТ ВО „БРАТСТВО“, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАПИШАТ ВО ДРУГИ ШКОЛИ ОТИ НЕМА МЕСТО, РЕЧЕ ЈАКИМОВСКИрадoначалникот Стевчо Јакимовски денеска на прес-конферецнија кажа дека донсена е одлука за реонизација во училиштата оти во дел од нив нема место и наставата мора да се одржува во три смени.(Фото: Општина Карпош)

    Првоодделенците од Општина Карпош ќе мора да учат во училиштата кои се најблиску до адресата на која живеат. Градoначалникот Стевчо Јакимовски денеска на прес-конференција кажа дека донесена е одлука за реонизација во училиштата оти во дел од нив нема место и наставата мора да се одржува во три смени.

    Од друга страна пак, имаме училишта кои немаат доволен број на основци, а сето тоа е благодарение на предрасуди кај родителите за да не се користат одредени школски установи, додека пак имаме притисок кон другите училишта. Токму во училиштето Владо Тасевски во населбата Козле каде што се наоѓаме денеска, постои голем притисок за упис на првачиња, така што во оваа установа имаме 1.010 ученици“, рече Јакимовски.

    Тој кажа дека со одлуката на Советот на Општина Карпош децата кои живеат на локацијата од улицата Рузвелтова до улица Брадфордска, ќе учат во училиштето Војдан Чернодрински. Исто така децата од населбата Долно и Средно Нерези, како и од населеното место Тафталиџе, ќе посетуваат настава во „Братство“.

    Ова го правиме од крајна нужда, затоа што нема доволно училишта, во секое училиште ни се потребни дополнителни четири или пет училници. Бидејќи ова е одлука на Советот на Општина Карпош, ве упатувам дека неа не смее да ја крши никој, вклучувајќи ме тука и мене, како и директорите на училиштата. Одговорно тврдам дека е многу подобро, вашето дете да учи во одделение со 18-24 деца, наместо во одделение со 34 ученици, каде што условите се поинакви.“, кажа Јакимовски.

    Јакимовски кажа дека во школите во Карпош нема да се примаат деца од други општини и затоа ги повика родителите да не се обидуваат да носат документи за упис.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира