ДИНОСАУРУСИТЕ ИЗГЛЕДААТ КАКО ДА СЕ ЖИВИ, ДИНО ПАРКОТ ЌЕ РАБОТИ ДО 23 ЧАСОТ КОГА ЌЕ ГО ОТВОРИМЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ГАЛЕТАНОВСКИ

    ДИНОСАУРУСИТЕ ИЗГЛЕДААТ КАКО ДА СЕ ЖИВИ, ДИНО ПАРКОТ ЌЕ РАБОТИ ДО 23 ЧАСОТ КОГА ЌЕ ГО ОТВОРИМЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ГАЛЕТАНОВСКИМонтирањето на реквизитите ќе заврши месецов, но поради пандемијата на ковид-19, сè уште не е одлучено кога ќе биде отворен за посетители.(Фото: СДК.МК)

    Во скопската Зоолошка градина почна монтирањето на диносаурусите во рамките на Дино паркот, кои пред две недели од Кина стигнаа во Скопје. Во паркот ќе има 41 диносаурус во природна големина, со синхронизирани движења и испуштаат звуци. Ќе има Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, мали диносауруси, како и мајки со бебиња и јајца.

    Вработените во Зоолошката кои работат на монтирањето на диносаурусите велат дека изгледаат како да се живи и ги доловуваат овие праисториски животни.

    „Интересот за Дино паркот секој ден расте, убедени сме дека ќе биде вистинска атракција. Веќе имаме јавувања од соседните земји кога ќе биде отворен паркот. Бидејќи станува збор за содржина која е атрактивна и за возрасните Дино паркот ќе работи до 23 часот. Има посебен влез од страната на Градскиот парк и може самостојно да работи“, вели директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

    Галетановски вели дека монтирањето на реквизитите ќе заврши месецов, но поради пандемијата на ковид-19, сè уште не е одлучено кога ќе биде отворен за посетители.

    „Ја следиме епидемиолошката состојба во земјава и заедно со Град Скопје ќе одлучиме кога ќе може да го отвориме“, додава Галетановски.

    За Дино паркот ќе се плаќа посебен билет од 50 денари.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира