ДИВ ПАРКИНГ СТАНА ИМПРОВИЗИРАНАТА УЛИЦА КОЈА СЕ НАПРАВИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА КАМИОНИ ДО ИЗГОРЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЕКОЛОГИЈА

    ДИВ ПАРКИНГ СТАНА ИМПРОВИЗИРАНАТА УЛИЦА КОЈА СЕ НАПРАВИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА КАМИОНИ ДО ИЗГОРЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЕКОЛОГИЈАЗградата во која беше сместан Инспекторатот четири години после пожарот стои разрушена и изгорена, и сè уште не е реновирана. (Фото: СДК.МК)

    Паркот „Ибни пајко“ и пешачките патеките кај зградата на Филхармонијата о центарот на Скопје се затрупани со испаркирани коли и градежна опрема и механизација. Просторот меѓу Филхармонија, музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“ и Факултетот за музичка уметност една година стои заграден со тараби, а направена е импровизирана улица за движење на градежна механизација за изгорениот објект на Инспекторатот за животна средина која е спроти нив.

    Сега улицата е претворена во паркинг исто како и целиот простор околу Филхармонијата. Никој не го затвора влезот во овој дел за возила, па секој ден владее хаос. Наместо парк, како што беше замислата, овој простор е див паркинг.

    Зградата во која беше сместан Инспекторатот четири години после пожарот стои разрушена и изгорена, и сè уште не е реновирана.

    Вработените во музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“ и Факултетот за музичка уметност во јануари годинава реагираа дека им е нарушена безбедноста на објектите и целосно и целосно е попречено функционирањето на овие институции.

    „Во подрумските простории кои се веднаш под овој коридор се држи настава. Последиците од можна хаварија односно попуштање на слојот кој е предвиден за пешаци, а не за камиони се повеќе од реални. Веќе се чувствува нарушената статика во балетските сали кои се дел од училиштето ‘Илија Николовски-Луј’“, рекоа лани во реакцијата од Факултетот за музичка уметност, музичкото училиште „Илија Николовски-Луј“ и Филхармонија.

    Зградата во која беше сместен Инспекторатот за животна средина се запали во 2020.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира