ДОБИЛЕ ДОЗВОЛА ЗА НАТСТРЕШНИЦА, А НАПРАВИЛЕ СТАНОВИ, ОПШТИНА КАРПОШ НАЈАВИ УРИВАЊЕ

    ДОБИЛЕ ДОЗВОЛА ЗА НАТСТРЕШНИЦА, А НАПРАВИЛЕ СТАНОВИ, ОПШТИНА КАРПОШ НАЈАВИ УРИВАЊЕИнспекцијата утврдила дека просторот е поделен на четири дела со подготовки за кујни и тоалети, што јасно укажува на обид да се направат уште четири нови станови. (Фото: Општина Карпош)

    Во новоизградена зграда на улица Козле во Општина Карпош изграден е уште еден спрат и четири станови без дозвола. Станарите побарале од Општината дозвола за да изградат кос покрив оти наводно им течело вода при врнежи, но почнале да си градат станови. 

    Просторот е поделен на четири дела со подготовки за кујни и тоалети, што јасно укажува на обид да се направат уште четири нови станови, и незаконски да се добие уште еден кат во објектот. Инспекторот изготви записник, а ќе следи и решение за уривање, или обврска граѓаните сами да ја отстранат оваа дивоградба. Контрола направивме и во гаражниот простор, каде повторно се утврдија градежни активности спротивно на одобрението“, вели градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

    Од Општината велат дека продолжуваат со инспекциите и следна на ред е зградата на улица Никола Парапунов и гаражниот простор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира