ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „ИСТ ГЕЈТ“ ВО СКОПЈЕ

    ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „ИСТ ГЕЈТ“ ВО СКОПЈЕВработените се евакуирани од дуќаните додека МВР врши проверки. (Фото: Принтскрин од видео)

    Дојава за бомба утрово стигнала во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје. Сите вработени се евакуирани од дуќаните и чекаат пред трговскиот центар за екипите на Министерството за внатрешни работи (МВР) да ги извршат потребните проверки.

    Во средата закана за бомба стаса во Народна банка,  откако два месеца мета на закани за поставени бомби беа средните и основни училишта во Скопје и во други градови. Сите досегашни дојави беа лажни.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира