ДРАЧЕВО И ДОЛНО ЛИСИЧЕ ОД ВЧЕРА СЕ БЕЗ ВОДА, ОД „ВОДОВОД“ ВЕЛАТ ПУКНАТА Е ГОЛЕМА ЦЕВКА, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ДЕФЕКТОТ ЌЕ БИДЕ РЕШЕН

    ДРАЧЕВО И ДОЛНО ЛИСИЧЕ ОД ВЧЕРА СЕ БЕЗ ВОДА, ОД „ВОДОВОД“ ВЕЛАТ ПУКНАТА Е ГОЛЕМА ЦЕВКА, ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ДЕФЕКТОТ ЌЕ БИДЕ РЕШЕНПукната е цевка со профил Ф600 на улица Борис Трајковски, а како што велат од ЈП „Водовод и канализација“ дополнително се појавиле и дефекти на спојките.(Фото: Водовод и канализација)

    Од синоќа населбите Драчево, Усје, Долно Лисиче како и другите приградските населени места од тој дел на Скопје се без вода. Пукната е цевка со профил Ф600 на улица Борис Трајковски, а како што велат од ЈП „Водовод и канализација“ дополнително се појавиле и дефекти на спојките, па затоа потребно е подолго време да се санира дефектот.

    Екипите работат цела ноќ, очекуваме во текот на денот водоснабдувањето да биде стабилизирано. Кога почна да се копа ровот за санација на цевката која пукна беа откриени уште неколку дефекти на спојните делови на цевката, а како резултат на сложеноста на теренот каде се работи и видот на дефектите, санацијата продолжи во текот на целата вечер и денешниот ден. Во моментот екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје го санираат четвртиот дефект“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

    За граѓаните кои живеат во тој регион, обезбедени се 2 цистерни со питка вода и уште 2 цистерни со техничка вода. Цистерни ќе циркулираат и низ населените места каде има прекин на водоснабдувањето и за задоволување на потребите на училиштата и градинките.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира