ДУИ, АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА НА ИЗБОРИ СО ЗАЕДНИЧКА ЛИСТА ЗА СОВЕТНИЦИ ВО ОПШТИНА ЧАШКА

    ДУИ, АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА НА ИЗБОРИ СО ЗАЕДНИЧКА ЛИСТА ЗА СОВЕТНИЦИ ВО ОПШТИНА ЧАШКАЛистата со 11 кандидати од ДУИ, Алтернатива и Алијансата за Албанците ќе ја поддржи и ДПА, како и кандидатот за градоначалник Суат Шаќири. (Фото: СДК.МК)

    Коалицијата „Сите заедно“ ги обедини албански партии од власта и од опозицијата и тие заеднички ќе настапат со листа за членови на Советот за Општина Чашка. На листата која Општинскаат изборна комисија (ОИК) треба да ја потврди наредните денови, се 11 имиња од албанските партии ДУИ, Алтернатива и Алијансата за Албанците.

    „Малку повеќе време требаше да се договориме, но успеавме. На листата се кандидати за советници, жители од сите села од Општината каде живее албанско население, Горно и Долно Јаболчиште, Мелница и Горно Врановци. Договорена ни е и соработка со сите партии, бидејќи и ДПА е во оваа коалиција, и да го поддржат нашиот кандидат Суат Шаќири за градоначалник“, кажа Рамадан Амзов претседател на огранокот на ДУИ за Општина Чашка.

    Според ОИК, за кандидати за градоначалник на Општина Чашка се пријавиле тројца, освен Шаќири пријавен е и Зоран Здравевски од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот градоначалник Горан Стојановски од СДСМ, додека има пет листи за советници, освен коалициите на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ и „Сите заедно“, кандидатури поднеле и од ВМРО-НП и од „Единствена Македонија“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира