Мајка на дете пациент од детското одделение при Општата болница во Велес, реагираше за лошите услови таму и со фотографии ја документираше и ја покажа моменталната состојба, за која вели дека е недопустива.
„Кога моето дете лежеше на ова одделение, примаше инфузија, над главата му беше отвор од водоводна цевка која прокапуваше. Има и бубачки, врие од нив“, ни пиша мајката во порака на фејсбук профилот на САКАМДАКАЖАМ.МК и приложи фотографиите за да го документира кажаното.
В.Д. директoрот на Општа болница Велес д-р Димитар Стровјаноски, не негира дека има дупока на дестото одделение, но вели дека не прокапува, а реакцијата на мајката ја смрета смета за „злобни коментари зад кои стојат невистини, со цел да се создаде лоша слика за новото раководство“.
„Веднаш по моето доаѓање на оваа позиција, беа верификувани сите проблеми, лоши состојби кои ги наследивме во зградата, но и во дисперзираните објекти. Во овој период преземавме повеќе активности за санирање на наследените состојби. По алармирање од вработените за новонастанатите проблеми, реагираме веднаш . Така на невропсихијатрија, каде имаше многу поголема дупка од оваа, ја санираме за да на губиме топлина. Имаме уште многу работи за подобрување, меѓутоа на детско одделение досега не сум добил пријава од вработените дека капело, иако отворот е стар со години и таков го затекнавме, и никаде нема влага од протекување. Што се однесува до бубашвабите, ги преземавме сите мерки, кога има појава на овие инсекти. Навиките на пациентите, нивните роднини, дел од вработените, да носат поголеми количества на храна носи и некоја бубачка. Може инцидентно да се појави некоја, но ние веднаш реагираме, се преземаат дополнителни прскања на некои одделенија. Не можам да предвидам што сѐ може човечкиот ум да стори, за да прикаже некоја лоша состојба. Ова е чиста местенка, да се прикажат состојбите во болницата, такви какви што не се“, вели Стровјаноски.
Тој кажа дека во овој период имаат обезбедено нови простории за центар за дијабет и за кожна амбулната, во рамките на зградата биле донесени ушно и очно одделение. По 10 години пауза, пуштен е во работа рентген апаратот, од сопствени средства сее набавени два гинеколошки стола, ЦТГ апарат и оперативно светло.
П. ПЕЧКОВ