ДУПКИ ОД ДВА МЕТРА НА ПАТОТ ОД БИТОЛА ДО ГРЧКА ГРАНИЦА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ ВЕЛИ ДЕКА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ЌЕ ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА ЛЕТОТО

    ДУПКИ ОД ДВА МЕТРА НА ПАТОТ ОД БИТОЛА ДО ГРЧКА ГРАНИЦА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ ВЕЛИ ДЕКА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ЌЕ ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА ЛЕТОТООд март трае реконструкцијата на 12,5 км пат. (Фото: СДК.МК)

    Дупки големи како кратери се отворија на патот од Битола за граничкиот премин со Грција, Меџитлија. Реконструкцијата на овој патен правец трае неколку месеци и досега е преасфалтиран само мал дел. На остатокот, во рамки на инфраструктурниот зафат изгребан е горниот слој од асфалтот и под него се појавија голем број дупки. Некои во должина од еден до два метра и длабочина од неколку сантиметри. Ова го отежнува одвивањето на сообраќајот на овој и онака прометен пат, а посебно во услови на летна сезона кога дел од туристите за Грција патуваат по него.

    „Освен оној дел во близина на границата кој беше афалтиран уште во март годинава, другиот дел од патот е многу лош. Излегоа на површина сите претходни дупки и крпеници. Мора да возите многу претпазливо и да внимавате возилото да не го оштетите. Треба да се забрза со реконструкцијата и онака се реахабилитираат 12 километри“, велат жители од село Кравари низ кое минува оваа патна делница.

    Патницитете почнаа да вртат со возилата по околни патишта преку село Породин за да избегнат барем дел од коловозот полн дупки.

    Од Министерството за транспорт и врски, на нашето прашање кога ќе биде преасфалтиран патот зашто е во лоша состојба, ни одговорија дека реконструкцијата во овој момент се одвива согласно договорните услови. За динамиката на градежни активности, отаму велат дека очекуваат да завршат до крајот на летниот период.

    Министерот Бочварски заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид во рехабилитација на патот уште на крајот на март годинава. Тогаш изјавија дека инвестицијата е со вредност од 202 милиони денари (скоро 3,5 милиони евра) и ќе се преасфалтираа пат во должина од 12,5 километри.

    „Ќе го издигнеме на ниво на модерен, безбеден и пред сè пат кој ќе биде во функција на бизнисот и граѓаните од регионот. Ако земеме предвид дека ова е пат кој не поврзува со Република Грција како единствена меѓународна патна врска во овој регион, тогаш значењето е уште поголемо бидејќи истиот е дел и од европскиот Коридор 10д“, изјави министерот Бочварски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира