ЈСП „Скопје“ ќе обезбеди два двокатни автобуси за граѓаните кои сакаат да ги пречекаат ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.
Од ЈСП информираат дека автобусите ќе тргнат кон аеродромот во 17 часот од пред „Југодрво“
„Автобусите се наменети за граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат ракометарите на скопскиот аеродром. Превозот е бесплатен“, велат од ЈСП „Скопје.
За превоз на ракометарите се обезбедени три двокатни автобуси, еден панорамски и два затворени, кои се брендирани со логото на ракометниот клуб Вардар. Доколку не врне, ракометарите од аеродром до плоштад ќе се возат со панорамскиот автобус.
Ракометарите во Скопје треба да слетаат во 18.50 часот со чартер лет обезбеден од Град Скопје. На плоштадот во 19.30 часот ќе почне прославата со организиран дочек.
А. АНТЕВСКА