ДВА ЕР ТРАКТОРИ ЌЕ ГО ГАСНАТ ПОЖАРОТ НА ПЕЛИСТЕР

    ДВА ЕР ТРАКТОРИ ЌЕ ГО ГАСНАТ ПОЖАРОТ НА ПЕЛИСТЕРПожарот избувна на месноста викана Семафорите на околу 1.800 метри надморска височина, местото е тешко достапно и поради тоа е побарана помош да се гасне со ер трактори (Фото: СДК.МК)

    Два ер-трактори ќе бидат вклуечни во гаснењето на пожарот во националниот парк „Пелистер“, вели Костадин Поповски, началник на битолската Против пожарна единица од Битола.
    „Од Дирекцијата за заштита и спасување ни ветија дека ќе испратат два ер-трактори за гаснење на пожарот. Инаку, на терен се екипи од Противпожарната единица и од Националниот парк и се гасне. На помош се упатени уште три екипи“, вели Поповски.

    Пожарот избувна на месноста викана Семафорите на околу 1.800 метри надморска височина. Местото е тешко достапно и поради тоа е побарана помош да се гасне со ер трактори.

    Засега не се знае кога ќе пристигнат ер тракторите. Додека се чека, битолчани се испаничени зашто над националниот парк се креваат големи и густи облаци со црн чад.

    Линијата на пожарот зафаќа од половина до еден километар и засега не е зафатена моликова шума. Ако се прошири пожарот првиот појас од дрвја е буков.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира