ДВАЕСЕТ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА КУМАНОВЕЦОТ ОБВИНЕТ ЗА СООБРАЌАЈКАТА ВО КОЈА БЕШЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУД

    ДВАЕСЕТ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА КУМАНОВЕЦОТ ОБВИНЕТ ЗА СООБРАЌАЈКАТА ВО КОЈА БЕШЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА КУМАНОВСКИОТ СУДОвој предмет беше изземен од надлежност на кумановскиот и доделен на велешкиот суд, поради тоа што оштетена беше претсдателката на судот во Куманово.

    Кумановецот Мумин Дураку (47) доби 20 месеци затвор за сообраќајка која ја предизвикал на 11 февруари 2021, во 19 часот на крстосницата на улиците 11 Октомври и Сава Ковачевиќ во Куманово. Во сообраќајката тешки телесни повреди доби доби кумановката Снежана Манев (57), која е претседателка на Основен суд Куманово. Оваа одлука на Основен суд Велес ја потврди и Апелациониот суд од Скопје и е правосилна.

    На обвинетиот Дураку му се судеше за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот“ кое го сторил со умисла. Овој предмет беше изземен од надлежност на кумановскиот и доделен на велешкиот суд, поради тоа што оштетена беше претсдателката на судот во Куманово.

    СудијакатаМанев од добиените повреди неколку дена била во кома и во мошне тешка здравствена состојба. Обвинетиот Дураку таа вечер на пешачки, со неговиот автомобил „фолксваген голф“ ја удрил Манев возејќи 44 км/ч, или 4 км повеќе од дозволеното.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира