ДВАЈЦА БРАЌА ОД ВЕЛЕШКО БАШИНО СЕЛО ОСТАНАА ДА ПОМАГААТ ВО ПЕТРИЊА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ

    ДВАЈЦА БРАЌА ОД ВЕЛЕШКО БАШИНО СЕЛО ОСТАНАА ДА ПОМАГААТ ВО ПЕТРИЊА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТБраќата Маневски кои живеат на островот Лошињ заминале да помагаат за санирање на штетите од земјотресот во Петриња. (Фото: Фејсбук)

    Александар (27) и Мартин (23) Маневски од велешко Башино Село, кои  работат во местото Лошињ на истоимениот хрватски остров во Кварнерскиот Залив, наместо да заминат дома за Нова година и Божик, одлучија да бидат во Петриња и да помагаат на настрадани од земјотресот од 29 декември.

    „Човечки беше да отидеме и помогнеме на настраданите, поточно во санирањето на штетите од земјотресот. Денови за празнување има, но нема време за луѓето кои силно ја почувствуваа маката од земјотресот. Затоа, со брат ми одлучивме наместо дома да заминеме во Петриња“, вели Александар.

    Заминале со 20-тина пријатели од градот Лошињ, работеле на уредување стан и да ги санираат неговите кровови, каде сега веќе се сместени две фамилии со мали деца.

    „Во реонот каде работевме, немаше други Македонци кои помагаа. Но затоа сретнавме Македонци кои таму живеат, фамилии. Нивните куќи беа исто така разрушени, им понудивме помош, но ним веќе им помагаа други волонтери“, вели Александар.

    Александар за Хрватска заминал есенва во октомври, додека Мартин лани во февруари. Велат заминале барајќи работа и чекајќи подобри денови.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира