ДВАЈЦА КУМАНОВЦИ ДАЛЕ 4.000 ЕВРА НА ЛАЖЕН ПОЛИЦАЕЦ ЗА ДА СОКРИЕ ДЕКА НИВНИТЕ ДЕЦА НАВОДНО ПРЕГАЗИЛЕ ДЕТЕ МИГРАНТ

    ДВАЈЦА КУМАНОВЦИ ДАЛЕ 4.000 ЕВРА НА ЛАЖЕН ПОЛИЦАЕЦ ЗА ДА СОКРИЕ ДЕКА НИВНИТЕ ДЕЦА НАВОДНО ПРЕГАЗИЛЕ ДЕТЕ МИГРАНТИзмамникот измамил 66-годишна жена и 83-годишен маж, а се обидел но не успеал да измами и 74-годишен маж од Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Измамник успеал во еден ден да одземе 250.000 денари  (околу 4.000 евра) од двајца повозрасни кумановци, лажејќи ги дека е полицаец кој ќе посредува нивните деца да не одговараат за сообраќајна несреќа во која прегазиле дете мигрант. Обидот кај трет кумановец не успеал.

    Според МВР, во текот на вчерашниот ден, измамникот се јавил на телефон кај двајца мажи на возраст на 74 и 83 години, како и кај една жена на 66 години, при што се претставил како полициски службеник, и им кажал дека наводно нивните деца, ќерки или син и снаа, предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазилe дете мигрант и ќе треба да дадат одредена сума на пари за да не одат в затвор.

    „Во 13.00 часот 74-годишен маж од Куманово пријавил дека едно лице се обидело да го измами. Во 16 часот 66-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.500 евра. Лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ја гонат кривично. Таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена. Во 17.00 часот, 83-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен за сума од 100.000 денари на истиот начин“, велат од СВР Куманово.

    Во текот на 2024, во Куманово биле регистрирани две измами за сообраќајни несреќи. Од полицијата апелираат на претпазливост, а особено од повозрасните лица кога им се јавуваат непознати, да не наседнуваат на лажни услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира