ДВАЈЦА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ОД ВЕЛЕС МЕЃУ НОВИТЕ 6 РЕГИСТРИРАНИ СО КОВИД-19 ВО ГРАДОТ

    ДВАЈЦА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ОД ВЕЛЕС МЕЃУ НОВИТЕ 6 РЕГИСТРИРАНИ СО КОВИД-19 ВО ГРАДОТВработената во итната помош која е во изолаија веќе 12 дена за САКАМДАКАЖАМ изјави дека не чувствувала никакви симптоми - Инфективнопто одделение на Велешката болница (Фото: СДК.МК)

    Со нови регистрирани шест случаи, бројката на заболени од КОВИД-19 во Велес стигна до 30 лица.  Од нив за прв пат се регистрирани и позитивни на коронавирусот и двајца здравствени работници – еден од Инфективното одделение и еден од службата за итна помош.

    Вработената во службата за итна помош објави дека е во изолација веднаш по нејзината интервенција кога се посомневала дека е заболено од КОВИД-19, по што со тестирање и било констатирано дека има КОВИД-19. „Од тој момент до денес сум 12 дена дома, без никаков контакт со никого, ниту со мојата фамилија и со моите најблиски.  Запазени се сите мерки и ги уверувам сограѓаните дека  од мене не е продолжен ланецот на ширење. За сите овие денови, јас немам ниту еден симптом кој укажува дека имам КОВИД -19, кашлица, температура, болки во градите“, ни изјави во телефонски разговор вработената во Итната медицинска служба во Велес.

    Од другите нови регистррани заболени во Велес, двајца се сопружници, кои  сами се тестирале на приватна клиника во Скопје и откако тестовите покажале дека се позитивни се згрижени на Инфективно одделение во ЈЗУ Општа Болница Велес. Таму се згрижени и други две лица кај кои во изминатите 24 часа е регистрирано присуство на коронавирус.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира