ДВЕ ДЕЦА TEШКО ПОВРЕДЕНИ ВО НЕСРЕЌА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕМИН ВО БИТОЛА

    ДВЕ ДЕЦА TEШКО ПОВРЕДЕНИ ВО НЕСРЕЌА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕМИН ВО БИТОЛАДо несреќата дошло кога возило управувано од жена, а во кое биле и двете деца, минувало преку преминот и во него удрила работна машина на „Македонски железници“. (Фото: СДК.МК)

    Две деца на возраст од две и пет години се тешко повредени во железничка несреќа што утрово се случи на железнички премин во Битола, потврдија од СВР Битола за САКАМДАКАЖАМ.МК. Од полицијата соопштија дека до несреќата дошло кога возило „пежо 20“ управувано од жена, а во кое биле и двете деца, минувало преку преминот и во него удрила работна машина на „Македонски железници“.

    Се преземаат мерки за целосно расчистување на случјаот и за тоа дали при преминот на возилото рампата била спуштена.

    Двете повредени деца се однесени во Клиничката болница во Битола. Од таму за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека двегодишното дете е хоспитализирано во многу тешка состојба на Одделението за интензивна нега. Но, поради сериозните повреди итно ќе биде пренесено на Kлиниката за детска хирургија во Скопје. Петгодишното дете со тешки телесни повреди е хосиптализирано на Одделението за неурохирургија во Битола и засега е во стабилна состојба. Мајката на децата е третирана амбулантски до овој момент не е хоспитализирана.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира