ДВЕ ТЕТОВКИ НАМЕСТО ВО КОВИД ИЗОЛАЦИЈА ЗАТЕКНАТИ В КАФЕАНА, A 9 ГОСТИВАРЦИ СО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО

    ДВЕ ТЕТОВКИ НАМЕСТО ВО КОВИД ИЗОЛАЦИЈА ЗАТЕКНАТИ В КАФЕАНА, A 9 ГОСТИВАРЦИ СО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗОЛАЦИЈА ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВОКршењето на изолацијата ја утврдила полицијата при редовните контроли. (Фото: СДК.МК)

    Девет лица од Гостивал и две од Тетово не ги почитувале решенијата за домашна изолација поради заразеност со ковид-19 или поради контакти со заразени лица, утврдија полицајци од СВР Тетово и од Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера од 10 до 22 часот при редовните контроли за проверка.

    „При извршените контроли, полициските службеници утврдиле дека вкупно девет лица од гостиварските села Градец, Добридол и Сенокосе, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата. Против лицата, од кои седум се женски и две машки на возраст од 13 до 48 години, ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, рече портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Во овој период било утврдено и дека две жени од Тетово на возраст од 20 и 51 година, со решенија за изолација, при контролата не се наоѓале во нивниoт дом туку во угостителски објект, додека еден маж од тетовска Мала Речица на возраст од 27 години ја напуштило земјата.

    СВР Тетово против сите овие лица ќе поднесе соодветни пријави.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира