ДВОЈНИ РАМПИ НА ПАРКИНГОТ КАЈ „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ОТИ СО ЕДНА КАРТА ВЛЕГУВАЛЕ НЕКОЛКУ КОЛИ НА АДМИНИСТРАТИВЦИ СМЕСТЕНИ ВО ЗГРАДАТА

    ДВОЈНИ РАМПИ НА ПАРКИНГОТ КАЈ „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ОТИ СО ЕДНА КАРТА ВЛЕГУВАЛЕ НЕКОЛКУ КОЛИ НА АДМИНИСТРАТИВЦИ СМЕСТЕНИ ВО ЗГРАДАТАМесечна карта за паркирање на овој паркинг кој се наоѓа во центарот на градот е 800 денари. (Фото: СДК.МК)

    ЈП „Градски паркинг“ до крајот на неделава ќе постави двојни рампи на паркингот кај Цветен пазар, спроти зградата на поранешна „Нова Македонија“. Од претпријатието велат дека имаат проблем со вработени во министерствата и државните институции сместени во зградата, бидејќи со една картичка влегуваат неколку коли.

    „Еден вработен ќе извади месечна паркинг карта и потоа се лепат возилата еден до друг и неколку коли влегуваат слободно на паркингот. На овој паркинг куќарката за наплата е на средината на паркингот, далеку од рампата и затоа граѓаните се осмелуваат на ваков чекор“, вели директорот на ЈП „Градски паркинг“ Борче Јакимовски.

    Месечна карта за паркирање на овој паркинг кој се наоѓа во центарот на градот е 800 денари, што излегува дека дневно паркирањето чини 25 денари.

    „Сметаме дека оваа цена за паркинг во центарот на градот е ниска, но и покрај тоа граѓаните не сакаат да плаќаат, па прават вакви измами. Ние од овие 800 денари плаќаме ДДВ и комунална такса на градот, па всушност за нас останува 550 денари“, вели Јакимовски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира