ЕДЕН МЕСЕЦ НЕМА РЕГИСТРАЦИЈА НА БРАК ВО ВЕЛЕС ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    ЕДЕН МЕСЕЦ НЕМА РЕГИСТРАЦИЈА НА БРАК ВО ВЕЛЕС ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТЗа склопувањата брак кои се веќе договорени за наредниот период, од Матичното велат дека во салата ќе можат да присуствуваат само младенците, двајцата сведоци и двете службени лица, матичарот и членот на Советот на Општината. (Фото: СДК.МК)

    Еден месец нема ниту една регистрација на нов брак, во градот и Општината Велес, зашто младенците избегнуваат венчавка во новите вонредни услови на живеење предизвикани од вирусот КОВИД-19, велат од Управата за водење на матични книги во Велес.

    „Последниот склопен брак во Велес беше на 20 март. Прв следен е  најавен е за 24 април. Во меѓувреме, нема ниту една регистрација која се случила на територијата на Општината. Поради новонастаната состојба со коронавирусот, ги откажавме и склопувањата на брак на отворено кои беа договорени“, велат од Подрачната единица на Управата за водење на матични книги во Велес.

    За склопувањата брак кои се веќе договорени за наредниот период, од Матичното велат дека во салата ќе можат да присуствуваат само младенците, двајцата сведоци и двете службени лица, матичарот и членот на Советот на Општината.

    Во Велес досега се регистрирани 40 болни од коронавирусот, а двајца починаа.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира