ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА НОВОРЕГИСТРИРАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС ИТНО ПРЕФРЛЕН ВО СКОПЈЕ

    ЕДЕН ОД ТРОЈЦАТА НОВОРЕГИСТРИРАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС ИТНО ПРЕФРЛЕН ВО СКОПЈЕЧетворица од заболените се од Шумско стопанство Бабуна и двајца се членови на потесното семејство од заболените - Инфективното одделение во Велешката болница - (фото: СДК.МК)

    Еден од тројцата новозаболените од КОВИД-19 во Велес, итно е префрлен на Инфективната клинка во Скопје поради влошената здравствена состојба, изјави директорот на Центарот за јавно здравје Велес Тони Димитриев. Другите двајца се во добра состојба.

    Во Велес се регистрирани шестмина позитивни на коронавирусот.

    Едната заболена, која е во домашна изолација и без симптоми на болеста, на нејзиниот фејсбук профил објави дека е позитивна на тестот и дека е во изолација од 19 март. Се пожали дека била тестирана дури на 25 март.

    Директорот на Центарот за јавно здравје во Велес Димитриев рече дека се земаат брисеви на лицата кои биле во прва и втора линија на контакт со заболените, некои се земени и резултати се добиени а за другите се чекаат .

    За здравствената состојба на сите шестмина заболени велешани од коронавирус, информираше д-р Весна Николовска Неделковска портпарол на општат болница во Велес.

    „Од првите тројца пациенти, еден беше пренесен во Скопје и неговата здравствена состојба е подобрена. Другите двајца се во добра и стабилна општа состојба и се на Инфективно одделение во велешката болница. Од новозаболените еден од пациентите има потешка клиничка слика и затоа е пренесен во Скопје. Вториот пациент е со полесна слика, но и тој ќе биде хоспитализиран. Третата пациентка е во самоизолација, без симптоми“, кажа д-р Николовска Неделкова.

    Четири од шесте лица заболени со корнавирусот се вработени во ЈП „Македонски шуми“ – работна единица Велес, а двајца се членови на потесното семејство од заболените.

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари