ЕДНАТА ЗГРАДА НА ЕСМ 7 ГОДИНИ СТОИ СО РАЗРУШЕНА ФАСАДА, ВТОРАТА КАЈ СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА ОД 15 МИЛИОНИ ЕВРА ПРОПАЃА БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ

    ЕДНАТА ЗГРАДА НА ЕСМ 7 ГОДИНИ СТОИ СО РАЗРУШЕНА ФАСАДА, ВТОРАТА КАЈ СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА ОД 15 МИЛИОНИ ЕВРА ПРОПАЃА БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМЕСМ нема намера да ја направи фасадата за зградата, а за барокниот објект го чекаат Законот за легализација на дивогрдби.(Фото: СДК.МК)

    Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) има две деловни згради и двете се распаѓаат во најстрогиот центар на Скопје. Првата е зградата кај Порта Македонија на влезот на Плоштадот, која 10 години стои со разурната фасада. Оваа зграда беше еден од најзначајните објекти на модерната архитектура од 1960-тите и 1970-тите години, а сега повеќе личи на разурнат и напуштен објект отколку значајно архитектонско дело и седиште на државна компанија. Директорот на компанијата Васко Ковачевски и раководството секој ден кога доаѓаат на работа и го гледаат разурнатиот објект, но тоа не им пречи и не преземаат никакви активности зградата да добие фасада.

    Уништувањето на зградата почна во 2013. На барање на тогашниот премиер Никола Груевски, за да се вклопи во неговиот контроверзен проект „Скопје 2014“ за кој неговата влада потроши 700 милиони евра, австриската компанија ЕВН почна со отстранување на модернистичката стаклената фасада за да прави барок од стиропор од 4,3 милиони евра. Проектот не успеа да се реализира во целост и беше стопирано обвивањето во барок со доаѓањето на власт на СДСМ. Но, само тоа и беше направено. Почнува седмата година од нивното владеење, а зградата зјае без фасада. Нема најави за обнова, ниту е избран проект, а камо ли наскоро да почнат градежни работи.

    Вториот објект на ЕСМ е барокната зграда спроти Старата железничка станица што беше дел од проектот „Скопје 2014“. Таа стои празна оти нема технички прим и употребна дозвола. Додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ во текот на градбата се правеле низа измени, а за тоа не се поднесувале барања за да добијат одобрение од Министерството за транспорт и врски. Од компанијата се жалеа и дека се направени низа пропусти при градбата, инсталациите не се соодветно изведени, нема пристап до подземниот паркинг. Но, изминатгиве години ништо не е направено зградата која чини 15 милиони евра да се стави во функција, а не да пропаѓа.

    Од ЕСМ кусо ни одговорија дека во моментов се фокусирани на енергетска криза и нека никакви нови активности околу фасадата на деловната зграда каде се сместени. За барокниот објект, пак, велат дека чекаат да се донесе новиот Закон за легализација на дивоградби за да може зградата да добие употребна дозвола.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира