ЕПИДЕМИОЛОГОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛА

    ЕПИДЕМИОЛОГОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛАКоњановски во последниве четири години беше советник во Советот на Општина Битола. (Фото: Фејсбук)

    Специјалистот епидемиолог д-р Тони Коњановски, вработен во битолскиот Центар за јавно здравје и активно вклучен во следење на состојбите и битката против ковид-19, е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола. Во последниве четири години беше советник во Советот на Општина Битола.

    Тој е брат на поранешниот министер за одбрана од времето на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коњановски.

    Од партијата соопштија дека Коњановски е поранешен директор на Центарот за јавно здравје, битолчанец од стара позната градска фамилија, а професионално ја продолжува традицијата на својот татко.  Од партијата велат дека докторот во време на ковид кризата ја потврди својат висока професионалност, човечност и хуманост.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира