ЕУ НЕ СМЕЕ ДА ДОЗВОЛИ НАЦИОНАЛИЗМОТ ДА СТАВА ВЕТО ВРЗ СЛОБОДАТА, КАЖА ЗАЕВ НА ПАНЕЛ НА ФРАНЦУСКАТА АМБАСАДА

    ЕУ НЕ СМЕЕ ДА ДОЗВОЛИ НАЦИОНАЛИЗМОТ ДА СТАВА ВЕТО ВРЗ СЛОБОДАТА, КАЖА ЗАЕВ НА ПАНЕЛ НА ФРАНЦУСКАТА АМБАСАДАЗаев и францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер на панелот во Струмица. (Фото: СДК.МК)

    „Променете го начинот на носењето одлуки. ЕУ мора да дејствува во сопствена корист, во корист на европската идеја која по дефиниција е либерална, отворена, широка“, кажа поранешниот премиер Зоран Заев на денешната панел дискусија „Сувернитет“ што ја организираше француската амбасада во Струмица во рамките на Француското претседателство со Советот на Европа.

    „Ја прашувам ЕУ од мојата европска Струмица која се граничи со Грција и Бугарија. Дали ваквиот начин на одлучување во Унијата, при што една земја членка блокира цел регион од крајно ирационални и националистички причини, е механизам со кој се развива европската идеја? Ако не е, а знам дека не е, тогаш променете го начинот на носењето на одлуките. ЕУ мора да дејствува во сопствена корист, во корист на европската идеја која по дефиниција е либерална, отворена широка. Европската идеја не смее да остане уценета од национализмот. ЕУ не смее да дозволи национализмот да става вето врз слободата. Ове е време кога лидерите на ЕУ треба да се одважат по овие прашања и да преземат политичко лидерство, онака како што тоа го правеле оснивачите на унијата“, рече Заев.

    Францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер подвлече дека во моментов ЕУ се соочува со низа предизвици, а руската агресија врз Украина колку што ја покажа слабоста на европското семејство толку ја зајакна потребата од обединување на Унијата.

    „Денес стратешкиот интерес за европската интеграција на Западен Балкан сè повеке се зајакнува, а тоа особено важи за Северна Макеоднија. Тоа беше вистинито вчера, но уште повистинито денес и сите ние денес секој на своето место сме мобилизирани за да ја постигнеме таа заедничка цел за отворање на колку што е можно побрзо на пристапните преговори за влез во ЕУ“, кажа Бомгартнер.

    Ова е втора конференција што ја организираше амбасадата на Франција во земјавата со цел да се разговара за посилна, посуверена и пообединета Европа.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира