ФАТЕН КРАДЕЦ ОД СКОПЈЕ КОЈ ВО БИТОЛА И ОХРИД ИЗВРШИЛ 33 КРАЖБИ

    ФАТЕН КРАДЕЦ ОД СКОПЈЕ КОЈ ВО БИТОЛА И ОХРИД ИЗВРШИЛ 33 КРАЖБИОд СВР Битола кажаа дека уапсениот најмогу крадел велосипеди и автомобили (Фото: СДК.МК)

    Приведен е крадец од Скопје кој извршил 33 кражби во Битола и Охрид, соопштија од СВР Битола.

    Полициски службеници од Отсекот за општ криминал во СВР Битола, во координација и содејство со полициски службеници од Отсекот за општ криминал во СВР Охрид, го лишиле од слобода Р. М. (21) од Скопје поради сомнение дека извршил повеќе кривични дела тешка кражба и кражба на подрачјето на Битола и Охрид.

    По целосно документирање на случајот, СВР Битола и СВР Охрид ќе поднесат кривични пријави против осомничениот за вкупно 33 кривични дела. Од нив, 23 ги извршил во Битола, а 10 во Охрид, најмногу велосипеди и автомобили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира