ФАТЕН СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ИСЕЧЕ ДРВО ПРЕД ТЦ „МАВРОВСКА“ И КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА

    ФАТЕН СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ ИСЕЧЕ ДРВО ПРЕД ТЦ „МАВРОВСКА“ И КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРАПринтскринт од снимката на ЦУКС од возилото кое го носи исеченото дрво. (Фото: Град Скопје)

    Преку видео надзорот на Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУКС), Град Скопје го фати и казни лицето кое исече дрво на плочникот пред ТЦ „Мавровка“. Дрвото беше исечено пред две недели без одобрение на надлежните од Град Скопје.

    Денеска градоначалникот Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави видео снимки на кои се гледа комбето во кое се носи исеченото дрво.

    „Градските комунални инспектори изминативе денови го истражуваа случајот и со помош на скромните градски видео можности успеавме да го идентификуваме лицето кое бесправно го исече дрвото пред ’Мавровка. Казната што е изречена изнесува 5.000 евра“, вели градоначалникот Петре Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари