ФАТЕН ТЕТОВЕЦ КОЈ ИЗМАМИЛ 40 ЛИЦА ОД МАКЕДОНИЈА, КОСОВО, АЛБАНИЈА И СРБИЈА

    ФАТЕН ТЕТОВЕЦ КОЈ ИЗМАМИЛ 40 ЛИЦА ОД МАКЕДОНИЈА, КОСОВО, АЛБАНИЈА И СРБИЈАОд тетовската полиција велат дека Р. М. и претходно бил кривично пријавуван за измами (Фото: СДК.МК)

    Тетовската полиција вчера го уапсила тетовецот Р. М. (44) поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело измама. На него му е изготвена кривична пријава, која денеска е поднесена во Основното јавно обвинителство Тетово.

    „Тетовецот Р. М. се сомничи дека во јануари, март и април годинава со лажно прикажување на факти измамил лице од Охрид и двајца српски државјани и противправно се стекнал со имотна корист од 2.210 евра. Тој телефонски или преку пораки им се јавувал на оштетените дека нивни блиски загинале во сообраќајни несреќи и дека преку друго лице треба да му испратат пари за транспортни или други трошоци“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    Од тетовската полиција велат дека Р. М. и претходно бил кривично пријавуван дека на идентичен начин вршел измами и дека досега измамил 40 лица од нашата земја, но и од Косово, Србија и Албанија.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира