ФРАНЦИЈА ДОНИРАШЕ ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА И ОПРЕМА ВО БИТОЛА, КОЊАНОВСКИ РЕЧЕ СЕ ИЗРАБОТУВА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НОВА СТАНИЦА

    ФРАНЦИЈА ДОНИРАШЕ ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА И ОПРЕМА ВО БИТОЛА, КОЊАНОВСКИ РЕЧЕ СЕ ИЗРАБОТУВА ПРОЕКТНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НОВА СТАНИЦАБеше спроведена и тридневна обука на битолските пожарникари од француски колеги. (Фото: СДК.МК)

    Две противпожарни возила за теренско гансење на пожари, посебно во шумски услови, џип и приколка со коплетна и дополнителна опрема донираше Франција за Територијалната противпожарна единица во Битола. Беше спроведена и тридневна обука на битолските пожарникари од француски колеги.

    Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер рече дека ова е продолжена соработката која постои 14 години.

    „Ги помагаме храбрите пожарникари во совладувањето на пожарите, знаејќи дека тоа е многу значајно за градот. Ова не е еднократна помош туку станува збор за една долга историја на соработка која трае повеќе години меѓу Битола, француската амбасада и главниот донатар француската асоцијација ‘Ротејќи заедно’ (Working together). Тоа трае од 2009 година станува збор за мисии, донации, обуки“, рече амбасадорот Бомгартнер.

    Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече дека во следниот период ќе работат и на изградба на нова противпожарна станица во Битола.

    „Ќе направиме се` во периодот кој следи да го подобриме кавлитетот на противпожарната единица, заштитата, обуката. И секако, да го одработиме она што го ветивме – нова противпожарна станица во Битола. Во тек е изработка на проектната документација, по што ќе следи и конкурс за идејно решение. Оваа година сигурнио нема да биде, останува за следната. Имаме локација и маркица во касарната“, рече Коњановски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира