ФРАНЦУСКИ ТУРИСТ ЗАГУБЕН НА ПЕЛИСТЕР, СПАСУВАЧИТЕ ЗАМИНАА ОД КРШТЕВКА ЗА ДА ГО НАЈДАТ

    ФРАНЦУСКИ ТУРИСТ ЗАГУБЕН НА ПЕЛИСТЕР, СПАСУВАЧИТЕ ЗАМИНАА ОД КРШТЕВКА ЗА ДА ГО НАЈДАТСпасувачите се од планинарско спортскиот клуб „Пелистер“ - Големо Езеро на Баба Планина (Фото: СДК.МК)

    Француски турист денес се загубил на Пелистер, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување. Четворицата спасувачи кои се вклучени во акцијата, инаку сите членови на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола,  вечерва го пребаруваат теренот околу Мало Езеро на Пелистер.

    Тие морале да ја напуштат крштевката на ќерката на еден од спасувачите за да тргнат во потрага по загубениот странец.

    „Кога ја добивме веста ја славев крштевката на мојата ќерка, а на неа присуствуваа и други од спасувачкиот тим. Штом слушнавме, веднаш скокнавме на нозе и тргнавме во потрага по Французинот. Според дојавата што ја добивме тој денес сам се искачувал на планината. Потрагата продолжува понатаму “, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК планинарот и спасувач Петар Нолев-Пепо.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира