ГАЈБАТА ПРЕД КООПЕРАЦИЈА Е ПОУДОБНА ОД ФОТЕЛЈАТА, А МАКАДАМОТ ПОМЕК ОД КИЛИМОТ ПО ХОТЕЛИТЕ, ИМ РЕЧЕ МИЦКОСКИ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ НА ПРОСЛАВАТА ВО БИТОЛА

    ГАЈБАТА ПРЕД КООПЕРАЦИЈА Е ПОУДОБНА ОД ФОТЕЛЈАТА, А МАКАДАМОТ ПОМЕК ОД КИЛИМОТ ПО ХОТЕЛИТЕ, ИМ РЕЧЕ МИЦКОСКИ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ НА ПРОСЛАВАТА ВО БИТОЛАМицкоски говореше на одблежувањето 132 години од историското ВМРО и 35 години од сегашното, во Хераклеја во Битола. (Фото: Фејсбук)

    Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, на одбележувањето 132 години од историското ВМРО и 35 години од сегашното, во обраќањето во Хераклеја во Битола на партиските функционери им рече да не заборават дека фотелјата не е подудобна од гајбата пред кооперација, а уличниот макадам од килимот по хотели и канцеларии.

    „Најскапата работа што еден човек може да му ја остави на своето потомство не се парите и имотот, туку честа и чистиот образ. Не смеат функционерите да заборават дека макадамот по селата е поавтентичен и поимек од килимот по скапите хотели и канцеларии. А фотелјата е секогаш понеудобна од гајбата пред кооперација, зашто таму извира твојата моќ и твојата цел. Токму затоа, сите функционири во нашата партија треба да бидат свесни дека она што го работиме не е лична игра туку служба“, рече Мицкоски.

    Клупата во вашите маала, рече тој, е таму каде еден ден пак ќе се вратите и луѓето таму да ги погледате гордо в очи, а не да се срамите и криете од нивните прекорни погледи.

    „Во овие мигови на промени, апелирам до сите наши финкционери и членови  – не заборавјте од каде дојдовте и кому му служите. Никој не смее да дозволи бахатост, агонија од моќ и корист да го заматат погледот“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

    Кажа дека ќе зборува „за она што сме, што бевме и што ќе бидеме“ и рече дека сегашното ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО од 1893 година.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира