ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ УРИВА, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ТОА Е ЗАВРШЕНА РАБОТА

    ГАЛИЈАТА ВО ВАРДАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ УРИВА, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ТОА Е ЗАВРШЕНА РАБОТАПред неколку дена сопственикот на бродот објави видео како ги брка со навреди и псовки работниците кои работат на уривањето.(Фото: К.Попов)

    Галијата во коритото на реката Вардар ќе продолжи да се урива. Градоначалничката Данела Арсовска вели дека галијата е завршена работа, има потпишано извршно решение од нејзиниот претходник Петре Шилегов.

    „Таму се постапува. За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо“, кажа Арсовска.

    Пред неколку дена сопственикот на бродот објави видео како ги брка со навреди и псовки работниците кои работат на уривањето.

    „Кај Петре да одите“, им вели тој псуејќи ги и бркајќи ги од бродот.

    Бродот „Среќа“ кој е дел од трите галии поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“ почна да се урива пролетта. Сопственикот на бродот го тужи Град Скопје бидејќи според него бесправно се урива.

    Ексградоначалникот Петре Шилегов при почетокот на уривањето кажа дека се исполнети сите услови за нејзиното отстранување односно сопственикот немал платено три кирии, што според договорот овозможува негово раскинување. Шилегов ја почна постапката за уривање и на бродот кај МЕПСО, но за него сè уште нема извршно решение поради тужба на сопственикот.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира