ГАЗДАТА НА БУТИКОТ ВО СТАКЛЕНИК НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА ИМА РОК ОД 3 ДЕНА ДА ГО УРНЕ, ОПШТИНА ЦЕНТАР НЕ ЗНАЕ ДАЛИ ГО ПРИМИЛ РЕШЕНИЕТО

    ГАЗДАТА НА БУТИКОТ ВО СТАКЛЕНИК НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА ИМА РОК ОД 3 ДЕНА ДА ГО УРНЕ, ОПШТИНА ЦЕНТАР НЕ ЗНАЕ ДАЛИ ГО ПРИМИЛ РЕШЕНИЕТОПо прием на решението кое беше испратено на 11 ноември, сопственикот има законски рок од три дена да постапи. (Фото: К.Попов)

    Газдата на бутикот во стакленик за кафуле на улица Македонија има рок од три дена да го урне откако ќе го добие решението од Општина Центар. Решението е издадено на 11 ноември и оттогаш се поминати 6 дена, но дивиот објект не само што не се урива туку си работи без никаква проблеми и се рекламира на социјалните мрежи. На заградената летна тераса се продава облека иако јавна површина може да се користи само за угостителска дејност.

    Од Општина Центар велат дена уште не знаат дали сопственикот го примил решението по кое треба да постапи.

    По прием на решението, сопственикот има законски рок од три дена да постапи. Досега до Општината не е пристигната испратница дека е примено доставеното решение од сопствениците. Доколку по три дена од приемот сопственикот не го отстрани објектот, Општината ќе пристапи кон административно извршување согласно програмата за отстранување на Општина Центар, со што трошоците за истото ќе паднат на негов товар“, велат од Општина Центар.

    Од Општината не објаснуваат до кога ќе чекаат известување дека сопственикот го примил решението односно кога ќе го уриваат објектот со оглед на тоа дека тој и понатаму работи на диво во строгиот центар на градот и нема намера да постапи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира