ГЕВГЕЛИЧАНИ БАРААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОДАТОКОТ НА ЛИЦАТА ЗА ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Гевгелија,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГЕВГЕЛИЧАНИ БАРААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОДАТОКОТ НА ЛИЦАТА ЗА ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

    Гевгеличани ја поддржаа иницијативата за измени на законите и правилниците што се однесуваат на лицата со посебни потреби, што ја покрена Ресурсниот центар на родители заради подобрување на условите за живот на оваа категорија граѓани. Во градската библиотека „Гоце Делчев“, граѓани и граѓански здруженија од Гевгелија ставаа потписи за државата да посвети поголемо внимание на лицата со посебни потреби и нивните родители кои постојано се врзани со своите најблиски .

    „Бараме да се зголеми посебниот додаток на лицата со посебни потреби за 20 насто, а оние кои се постари од 26 години да се издвојат од возрасните кои примаат додаток за нега од друго лице. За лицата кои се корисници на правото за мобилност, годините да се избришат, бидејки надоместокот треба да зависи од здравствената состојбата, а не од возраста на лицето“, рече Даниела Мирческа од Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби.

    Во барањата за измени на законските акти, Ресурсниот центар од надлежните институции бара надоместокот на плата на родител на лице со посебни потреби да не биде помал од половина од просечната плата, бидејки сегашниот од 4.800 денари е сосема мал. Книги со потписи за измени на законската регулатива за лицата со посебни потреби деновиве ќе бидат отворени во Богданци, Струмица и Радовиш.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира