ГО ОБНОВИЈА КОЛОВОЗОТ, НО НЕ СТАВИЈА ТРОТОАР И ЗНАЦИ, ПА СО КОЛИ НИ ВЛЕТУВААТ ВО КУЌИТЕ, ПРОТЕСТИРАА ЖИТЕЛИТЕ НА КУМАНОВСКО БЕДИЊЕ

    ГО ОБНОВИЈА КОЛОВОЗОТ, НО НЕ СТАВИЈА ТРОТОАР И ЗНАЦИ, ПА СО КОЛИ НИ ВЛЕТУВААТ ВО КУЌИТЕ, ПРОТЕСТИРАА ЖИТЕЛИТЕ НА КУМАНОВСКО БЕДИЊЕЖителите на Бедиње протестираа со блокирање една лента од регионалниот пат Куманово- Липково. (Фото: СДК.МК)

    Жителите од кумановската населба Бедиње денеска блокираа една лента од регионалниот пат Куманово- Липково, револтирани од игнорантскиот однос на локалната и државната власт кон инфраструктирните и сообраќајните проблеми кои им ја загрозуваат безбедноста. Тие тврдат дека откако е реконструран коловозот на овој патен правец секојднево се случуваат сообраќајни несреќи, поради тоа што дел од возачите не ги почитуваат собраќајните правила и возат со големи брзини. Дополнително, покрај патот нема тротоар, па тие мора да се движат по улицата.

    Минатата недела имало две сообраќајќи, во едната џип излетал од патот и влетал во помошни простории на семејството Јовчевски. (Фото: СДК.МК)

    „Да се преземе нешто да нема толку сообраќајќи, ги има секоја недела и тоа и со жртви. Немаме тротоар, немаме каде да се движиме кога ќе појдеме за леб. Кога копаа за вода ни го уништија тротоарот. Овде летаат додека возат. Бараме да се постават знаци и лежечки полицајци. Нешто да се преземе од Општината, бидејќи ние самите не можеме ништо да направиме. Само кога ќе се случи сообраќајка че истрчаме да помогнеме и толку“, вели Вукица Николовска.

    Минатата недела имало две сообраќајќи, во едната џип излетал од патот и влетал во помошни простории на семејството Јовчевски. Причинета е само материјална штета на сопственикот, која најверотно ќе му се надомести, но тој вели дека сигурноста нема цена.

    „Ова не првпат да се случува вакво нешто. Се прават големи пропусти кои предизвикуваат вакви катастрофи, кои не само материјално штети туку и го загрозува животот на луѓето. Јас спиев кога се случи несреќата, кога станав видов дека џип удил во помошната просторија и ја урнал“, вели Павле Јовчевски.

    Тој објаснува дека на раскрсницата каде денеска протестираа порано имало знак дека тоа место е црна точка во сообраќајот и ограничувањето на брзината било 30 км/час, но по реконструкцијата дозволената брзина е зголемена на 50 км/час, а знакот со предупредување за опасност не го вратиле. Тоа дополнително ги охрабрило неразумните возачи кои секојдневно дивеат додека поминуваат низ нивната населба.

    За сите проблеми претставници од населбата ја известиле локалната власт и се сретанале со градоначалникот Максим Димитриевски, но велат дека од таму сè уште немаат одговор кога ќе се реализира договореното.

    Градоначалникот Димитриевски вели дека тротоарите во оваа населба се повеќедецениски проблем, а Опшината ќе се заложи да ги изгради следната година. До тогаш ќе се изврши нивно тампонирање, но за да се реализра таа активност треба да дозволат временските услови. Во однос на лежечките полицајци, тој вели дека тие неколку пати барале согласност за нивно поставување, но не добиле дозвола од Агенцијата за државни патишта, бидејќи се работи за регионален пат.

    Жителите на Бедиње најавија дека ако за две неделе не се постапи по нивните барања, ќе организираат нов проетест, но тогаш ќе ја блокираат целата улица.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира