Попладнево изби голем шумски пожар на ридот над обиколницата Битола. Според очевидци, пожарот се појави во близина на Германските гробишта и се шири на околните ридови. Гори ниска вегетација и борова шума. Има и еден повредени пожарникар и пренесен е в болница, се повредил при гаснењето на пожарот и има изгореници на грбот и на рацете, но не е во животозагрозувачка состојба.
Над градот се издигаат облаци чад.
На терен се Кризниот штаб и градоначалникот Тони Коњановски, како и противпожарните единици.
Ова е еден од зелените белодробни појаси на Битола кои во пожар настрадаа и пред деценија и пол.
Ж. ЗДРАВКОВСКА