ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БИТОЛСКО, ПОСТОИ ОПАСНОСТ ДА СЕ ПРОШИРИ КОН ПЕЛИСТЕР

    ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БИТОЛСКО, ПОСТОИ ОПАСНОСТ ДА СЕ ПРОШИРИ КОН ПЕЛИСТЕРЛош сојузник во гаснењето е силниот ветер, но пожарникарите ги преземаат сите потребни мерки за да спречат ширење на пожарот. (Фото: СДК.МК)

    Голем пожар избувна во подножјето на Националниот парк Пелистер, соопштија од Територијалната противпожарна единица за САКАМДАКАЖАМ.МК. Според командирот Горан Димковски, пожарот се појави од три места во близина на потпелистерското село Цапари и се шири кон соседното село Ротино поради што постои опасност и за проширување кон Националниот парк.

    На терен интервенираат четири возила со 15 пожарникари од Територијаната противпожарна единица од Битола и дополнително се вклучени вработени лица во Националниот парк со нивно возило.

    Димковски вели дека лош сојузник во гаснењето е силниот ветер, но пожарникарите ги преземаат сите потребни мерки за да го спречат неговото ширење кон соседните населби и Националниот парк.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира